СДСМ: Никој нема да биде оставен сам во кризата

 

СДСМ во време на една од најтешките економски и енергетски кризи во светот усвои нов пакет антикризни мерки вреден 350 милиони евра. Пакетот предвидува 3.000 денари месечно во наредните 4 месеци за 42.000 граѓани од ранливните категотии, соопштија од партијата на власт.

Како што појаснуваат помош од 3.000 денари месечно ќе добијат и за невработените лица корисници на паричен надоместок (стечајните работници) и за самохраните родители приматели на гарантирана минимална помош.

„Помош од 6.000 денари ќе добијат 92.000 пензионери со пензии до 11.525 денари, а 3.000 денари над 66.000 пензионери кои земаат пензија од 11.526 до 14.000 денари. Во време на енергетска криза останува на сила мерката за субвенционирање на сметките за струја до 80% за 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи. Со новите мерки поддршка за снабдување со струја поддршка добиваат сите 365 основни и 109 средни училишта“, се вели во известувањето.

Според СДСМ, за стопанството се проширува поддршката на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, тука е и нова кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, како и зголемен поврат на ДДВ со скратен рок од помалку од 30 дена.

10.10.2022 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега