СДСМ: Ништо не го пере ВМРО-ДПМНЕ од сторениот криминал

Може ВМРО-ДПМНЕ да смислува нови и да рециклира стари лаги, но ништо не ги пере од криминалот што оваа партија го правела со години. Ова го коментираат од владејачката СДСМ во писмено соопштение испратено пред малку до медиумите.
 
„Талир 2“ „Тенк“ „Тврдина – Таргет“ „Плацови на Водно“ се судски пресуди кои го потврдуваат степенот на криминал на ВМРО-ДПМНЕ кој е од епски размери.
 
Наместо да измислуваат лаги, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најмалку што треба да направат  е да излезат пред граѓаните и да се извинат, а потоа украденото да го вратат назад кај граѓаните.
Со одбивањето да го сторат тоа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ само покажуваат дека во оваа партија ништо не се менува дека и натаму се грижи за одбрана на криминалот, а единствена цел им е да им наштетуваат на граѓаните“, се наведува во соопштението.
09.06.2022 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега