СДСМ: Нов пораст на платите и пензиите и во 2024

 

Владејачката СДСМ соопшти дека во март годинава следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари.

-Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата за 4 пати.  За само неколку години СДСМ ја зголеми минималната плата за над 100% во споредба со времето на ДПМНЕ.  Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, за разлика од времето на ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари, велат од СДСМ.

Според партијата, законските решенија донесени во нивното владеење е основа на растот.

-Денес, просечната плата е за 300 евра повисока во однос на 2016 година. Воведовме законски решенија, коишто во себе содржат методологија за раст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата. Со СДСМ платите и пензиите ќе продолжат да растат, велат од СДСМ.

02.01.2024 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега