СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните


ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните, закана за влошување на без
бедносната состојба во државата, стои во соопштението на СДСМ.

„Новото пукање во Чаир во кое се ранети две лица е последен во низата инциденти, што се случија за два месеци откако ДПМНЕ е на чело на МВР.

Откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи и обид за убиство на градоначалник, свирепо убиство на младо момче, убиство на доктор, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила во Прилеп.

Нема никаква промена во ДПМНЕ. Тоа е истата партија како и за време на 11-годишното владеење, кога МВР, беше МВРО, во целосна функција на Белата палата.

ДПМНЕ може да ја носи државата само назад, во неизвесност и несигруност.

Граѓаните сакаат безбедност, сигурност и стабилност.

Тоа е можно само со СДСМ и со полноправно членство во ЕУ.

Затоа, глас за СДСМ и европската иднина е глас за сигурност, безбедност и стабилност“, велат од СДСМ.

09.04.2024 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега