СДСМ: Обезбедуваме повисоки плати, помали трошоци и повеќе пари за сите

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и имплементација на реални и развојни економски мерки кои економијата ја движат напред и носат се повеќе пари во семејните буџети. Ова денеска го велат од СДСМ.

- Со ребалансот на Буџетот којшто од денеска влегува во собраниска процедура предвидени се нови мерки за покачување на платите, за повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард. Ребалансот на буџетот обезбедува дополнителни 400 милиони денари за субвенционирање на придонеси за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6.000 денари. Дополнително обезбедени се 200 милиони денари за вработување со што се потврдува заложбата на Владата предводена од СДСМ да ја намали невработеноста која веќе е на историски најниски досега 17.5%. Бројни економски параметри покажуваат дека имаме активна, конкурентна и силна економија која нуди еднакви шанси за сите. Просечната нето плата годинава е повисока за 3.5 отсто. Минималната плата порасна до 12.507 денари и е еднаква во сите стопански гранки, се разговара и за ново покачување. Од септември годинава покачени се платите на сите вработени во јавната администрација за 5 отсто, велат од СДСМ.

Според партијата, доказ за успешноста на економските реформи на Владата предводена од СДСМ се официјалните податоци кои потврдуваат дека во првите два квартали од 2019 година имаме над 3 проценти раст на БДП.

- Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на условите во економијата со цел да се обезбеди економски раст, повисоки плати, помали трошоци и повеќе пари за сите граѓани, велат од владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега