СДСМ: Очаен од поразот, Мицкоски вчера ширеше невистини за наводно киднапрање на пратеник

Христијан Мицкоски со денови ја лажеше јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на Владата, соопшти денеска владејачката СДСМ.

Според партијата, вчера тој меур од лаги се распрснал уште на почетокот на седницата во Собранието.

-Очаен од поразот, Мицкоски вчера ширеше невистини за наводно киднапрање на пратеник, а истиот пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата. Заради пустата желба за власт, Мицкоски седна на иста маса со анти НАТО и анти ЕУ структури, партии кои се против концептот Едно општество за сите. За овој негов последен неуспех, Мицкоски не треба да бара алиби и да ја префрла одговорноста кај било кој, вината е исклучиво негова.  Народот повторно е излажан од Христијан Мицкоски и затоа наместо да шири невистини, Мицкоски треба да се засрами, да излезе и да им се извини на граѓаните, а потоа и да си даде оставка. Граѓаните да бидат спокојни, СДСМ, заедно со сите демократски сили и пратеници ќе обезбеди стабилност и продолжување на напредокот на земјата, се вели во дописот.

 

12.11.2021 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега