СДСМ: Одговорните политики на СДСМ и Заев дадоа резултати, станавме 30. членка на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ

Стратешките и одговорни политики  што ги спроведе СДСМ во изминатите 2,5 години дадоа конкретни резултати.  Република  Северна Македонија почнува преговори со Европската унија и стана 30. членка на НАТО, велат пореку соопштение од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека историската грешка е исправена, почнуваме преговори, Европската комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може.

„Во екот на борбата против коронавирусот, кога сите наши капацитети и мисли се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните и кон санирање на економските последици, ова е охрабрувачка порака дека само со напорна работа, труд и државнички одлуки може да се соочиме со предизвиците.

Ја ослободивме државата. Презедовме чекори и донесовме храбри одлуки за да ги решиме проблемите со соседите. Ставивме крај на расипништвото и на стравот. Ја ставивме економијата на здрави нозе. Ја внесовме земјата во НАТО. И еве сега почнуваме преговори со ЕУ.

Ваквите храбри и одлучни чекори ги преземаме и денес во борбата со опасниот вирус.

Европската унија е наш партнер, стигнува и сериозна помош за нашата земја во заедничката борба против коронавирусот.  Европската Унија одвојува 66 милиони евра за Северна Македонија.

50 милиони евра од ЕУ за економско-социјалното закрепнување, 9 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, 3 милиони евра директна буџетска поддршка, 4 милиони евра за итните наши потреби.

Благодарни сме на оваа помош и поддршка, затоа што заедно сме и посилни и секако заедно поуспешно ќе се справиме со сите предизвици.

Успеавме за само 2,5 години со мудри, државнички политики да станеме земја за пример. Иднината на земјата е обезбедена. Нема враќање назад, продолжуваме само напред. По влезот во НАТО, ја реализиравме и втората стратешка цел.

Подвигот на нашата татковина директно произлегува од тешките политики, државнички одлуки кои ги донесовме како Влада предводена од СДСМ и мнозинството пратеници во Собранието.

Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, без реформите и уставните измени, без Законот за јавно обвинителство немаше да биде возможен овој денешен успех.

Тоа се храбрите политички одлуки кои ги отворија вратите од чекалната во која седевме 15 години.

Иднината на Северна Македонија е обезбедена и загаранирантирана, членка на НАТО и ЕУ!

Пред нас е предизвикот да се избориме со здравствената и економска криза предизвикани од коронавирусот, а потоа целосно да се посветиме на процесот на преговори.

Заедно ќе успееме, ќе се избориме со предизвиците и ќе започнеме преговори со Европската унија, последниот чекор кон полноправно членство во најголемото европско семејство“ стои во патиското соопштение на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега