СДСМ оди во опозиција во најголемата македонска општина - формирано ново мнозинство

Формирано е ново мнозинство во Советот на општина Куманово. Како што дознава Press24 од партиски извори, мнозинството ќе го сочинуваат советниците од листата на Максим Димитриевски која има 8 столлчиња, листата на ВМРО-ДПМНЕ со 7, Алијанса на Албанците и Алтернатива со 2 и Левица со 1 советник. Сите заедно имаат 18 советнички мандати што е повеќе од доволно во општинскиот совет кој брои 33 места.
Ова е прв пат СДСМ да биде опозиција во општина Куманово, која е најголема општина во Македонија според бројот на гласачи.

Во оваа општина во недела ќе има втор круг на гласање за градоначалник а благо водство во првиот круг имаше Максим Димитриевски кој влезе како независен кандидат.

28.10.2021 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа