СДСМ: Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема сработено ниту еден конкретен проект

Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема сработено ниту еден конкретен проект, обвинуваат утринава од владејачката СДСМ, коментирајќи ја работата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
 
-Изминаа 82 дена од нејзиниот мандат, а граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската аминистрација и изземање од одговорност за своите надлежности, наместо решенија и проекти.  Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Универзалната сала требаше да биде обновена. Требаше да завршат и реконструкциите на десеттина улици. 
 
Во отчетот Арсовска изостави неколку работи кои го одбележаа нејзиниот мандат и менаџерски способности: прекин на проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари. Целосно ги партизираше јавните установи и Град Скопје. 
По првите 82 дена од мандатот,  станува јасно дека Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје, се вели во реакцијата на СДСМ.
01.02.2022 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега