СДСМ: Пецаков прво ги крши ковид-протоколите, а потоа глуми жртва - мора да одговара

Скандалозно и неодговорно е однесувањето на градоначалникот на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, обвинуваат утринава преку писмено соопштение од владејачката СДСМ, испратено до медиумите.
 
-Откако беше фатен како ги крши протоколите за заштита од коронавирусот и ги загрозувајавното зздравје, Пецаков почна да глуми жртва иако факт е дека наместо да биде во изолација додека чекал резултати за Ковид 19, спротивно на протоколите, тој беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици.
 
Пецаков да престане да врши притисок врз институциите, како претходно правеше неговиот шеф Христијан Мицкоски и да преземе одговорност за своите постапки. 
Секој поединец, кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје мора да одговара без разлика каква функција врши, се вели во соопшението на СДСМ. 
24.01.2022 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа