СДСМ: Почнуваме преговори со ЕУ, обезбедена првична помош од 66 милиони евра за борба против коронавирусот

Во овие тешки времемиња коишто ги живее нашата земја и сите граѓани, Република Северна Македонија конечно ја дочека заслужената и долгоочекувана одлука за почеток на преговори за членство во Европската Унија, велат во соопштение од СДСМ.

„Во екот на борбата против коронавирусот, кога сите капацитети на државата се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните и кон санирање на економските последици, ова е охрабрувачка порака којашто докажува дека само со напорна работа, труд и државнички одлуки може да се соочиме со предизвиците. Владата предводена од СДСМ ја ослободи државата, презеде  храбри чекори, ги реши проблемите со соседите, но стави и крај на расипништвото и на стравот“велат во соопштение.

Од партијата велат дека СДСМ успеа да ја стави економијата на здраво нозе и од Република Северна Македонија да направи 30 земја членка на НАТО и да започне преговори со Европската Унија.

„Зеленото светло за отпочнување преговори со ЕУ во државата ќе донесе и сериозна помош за заедничката борба против коронавирусот.

Првичните придобивки веќе се забележуваат, Европската Унија одвои 66 милиони евра за Република Северна Македонија.

Од нив 50 милиони евра се наменети за економско-социјалното закрепнување, 9 милиони евра се одвоени за поддршка на приватниот сектор, 3 милиони евра се директна буџетска поддршка и 4 милиони евра се наменети за итните потреби на државата.

Почетокот на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, значи крај на 15 годишното чекање откако го добивме кандидатскиот статус за членство во ЕУ.

Со ова, иднината на државата е обезбедена и загаранирантирана како членка на НАТО и ЕУ.

Пред нас е процес на позитивна трансформација на државата и општеството низ што поминаа сите денешни членки на Европската унија.

Патот кој денес го започнуваме треба да го завршиме како држава членка на ЕУ со што и ќе се исполни сонот на сите граѓани да живеат во  развиена, демократска и напредна држава, рамноправен дел од големото европско семејство“ велат од партијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега