СДСМ: Попис во 2021 ќе има- тоа не смее да зависи од волјата на политичките партии и лидери

Толку може Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ на чело со него, фокусирани на деструкции, блокади и лаги, велат од СДСМ преку соопштение.
 
-Соочени со порази и казни од граѓаните, наместо конструктивност, Мицкоски и ВМРО фејк њуз ДПМНЕ не престануваат да шират лаги и да блокираат секаков прогрес на државата. Овојпат Мицкоски можност виде во предлог Законот за попис, на кој ВМРО ДПМНЕ се спротивставува. Од што се плаши Мицкоски? На пописот граѓаните не се изјаснуваат за партиската припадност, па да стравува дека и на пописот ќе изгуби. Ниту пак, пописот е гласање на недоверба на лидерот на ВМРО ДПМНЕ за Мицкоски уште повеќе да стравува, стои во соопштението.
 
Од партијата неведуваат дека Мицкоски треба да знае, дека пописот е статистичка операција и оваа негова опструкција ќе биде поразена, зошто пописот не смее да зависи од волјата на политичките партии и лидери.
 
-Тоа беше концепт на ВМРО ДПМНЕ, во 2011 поради што и пропадна пописот, а со него и милиони евра на граѓаните. Граѓаните ги препознаваат и ги казнуваат штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Толку може Мицкоски и затоа уште долго останува во опозиција, велат од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега