СДСМ: Пописот е патриотски чин

Најсложената статистичка операција - пописот на населението и домаќинствата во државата ќе се спроведе по речиси две децении, согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации и со почитување на протоколите за заштита на здравјето на граѓаните, велат од владејачката СДСМ.

Според партијата, институциитеќе дејствуваат согласно препораките на стручните лица од Комисијата за заразни болести. 

-Пописот, што ќе се одржува наредниот месец, е патриотски чин.  Со учество во пописот секој граѓанин дава придонес во развојот на својата татковина, на своето населено место. Од друга страна, повикот на бојкот е неодговорно однесување и ја води државата во ситуација кога развојот не може да се планира на факти, туку на претпоставки. Пописот на населението е од клучно значење за развојот на државата, за граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на граѓаните – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки, се вели во дописот од СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2021 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега