СДСМ: Пописот ќе ја регистрира реалноста таква каква што е- резултатите нема да значат суспендирање нечии права

Пописот на населението е од клучно значење за развојот на државата, за граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки, велат преку соопштение од СДСМ.

„Немањето попис цели две децении е штетно. ВМРО-ДПМНЕ го прекина последниот обид за попис во 2011 и тоа го направи откако потроши милиони евра народни пари, а сега, како и при сите клучни работи во државата бара причини за блокади и опструкции и се обидува да го саботира целиот процес.

Губитникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ делуваат спротивно на интересите на граѓаните и на државата, шират невистини и оспоруваат резултати на уште неспроведен попис и ги повикуваат граѓаните на прекршување на законите.

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е било која етничка заедница. Пописот ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права.

Пописот е статистичка операција, која ќе ја реализира Државниот завод за статистика, според сите европски стандарди, во интерес на граѓаните и на државата.

Времето на политикантски калкулации и хирови на Мицкоски заврши, интересот на граѓаните и на државата сега е на прво место.

Со СДСМ државата по 19 години, на пролет конечно ќе добие попис спроведен по сите меѓународни стандарди“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега