СДСМ: Потврдени заложбите на Владата за превенција и борба против корупцијата, Северна Македонија напредуваше во Извештајот на ГРЕКО

Значителен и суштински напредок во борбата против корупцијата постигна Република Северна Македонија, што се должи на посветеноста, мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ и претставува чекор поблиску до Европската унија, велат од СДСМ.

Тоа според партијата го потврдил и најновиот извештај на ГРЕКО.

-Овој извештај покажува дека нашата земја оди по вистинскиот пат, односно дека повеќе не е во групата на земји кои не ги почитуваат правилата и практиката на ГРЕКО. ГРЕКО во 2014 година даде 19 препораки за превенција во делот на корупцијата во Парламентот, судството и обвинителството и ја смести државата во групата генерално незадоволителни. Поради исполнување на препораките, меѓу кои се истакнуваат неприсуството на министрите за правда на седниците на Судскиот совет, носењето на нов Закон за ЈО, нов Закон за судови, донесувањето на единствен етички кодекс на јавните обвинители, кодекс за судска етика, мерки за јакнење на независноста, департизираноста и интегритетот на судиите поротници, државата се искачи скалило погоре во борбата против корупцијата, се вели во дописот од владејачката партија.

Со ова, според СДСМ, се потврдува одлучната и фокусираната акција на Владата за спречување на корупцијата, промоцијата на интегритетот кај централната власт и органите за спроведување на законот.

-Напредокот претставува дополнителен стимул и поттик на заложбите на СДСМ за градење на стандарди и принципи за превенција и борба против корупцијата. Продолжуваме посветено да работиме на спречување на криминалот и корупцијата во државата во сите области, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега