СДСМ: Повторно лажни вести од белиот дворец, но има време, уште 4 години опозиција можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе ја научи лекцијата од граѓаните

Единствената партија која гласно застанува во одбрана на криминалот и против правдата е ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ како реакција на прес конференцијата на Стоилковски.

„Поразениот Мицкоски кој три пати доби казна од народот, загрижен за својата партиска фотелја, секојдневно продолжува со пласирање на лажни вести, очигледно надградени и со монтажи.

Ваквото штетно политиканство, полно со лаги, граѓаните го препознаа и го казнија Христијан Мицкоски на парламентарните избори.

Заглавени во нивната криминална матрица ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктовно, неоговорно однесување.

Но има време, уште 4 години во опозиција, веројатно ќе бидат доволни ВМРО-ДПМНЕ да разбере и да ја научи лекцијата која со последниот пораз повторно им ја одржаа граѓаните“ велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега