СДСМ: Позитивниот Извештај од ЕК за напредокот на Северна Македонија е доказ за успешноста на реформите и посветеноста на Владата

Извештајот на Европската комисија ги препознава и вреднува заложбите и спроведените реформи на Владата предводена од СДСМ и нејзината посветеност во интегративниот процес кон ЕУ, пишуваат во своето партиско соопштение од СДСМ утринава.

„Вистински мотив е што во Извештајот на Европската Комисија (ЕК) за Северна Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на Владата на Северна Македонија со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво.
 Во Извештајот е нотирано дека Северна Македонија во голем број области постигнува висок степен на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

ЕК во Извештајот за Северна Македонија посебно ги издвојува наодите во областите на фундаментални вредности, избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од што може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони. Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан предвидува финансиската поддршка од 9 милијарди евра преку ИПА, и тоа во комбинирана форма на грантови, како и поволни заеми со цел да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија. Оваа финаниска поткрепа е силна порака и поддршка за европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, останува силно посветена на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Реформите важни за граѓаните, важни за европската иднина на државата продолжуваат уште повеќе и уште подобро.“ стои во соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега