СДСМ: Преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат на стабилно мнозинство во Парламентот

СДСМ води сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за формирање Влада со нов четиригодишен полн мандат, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, велат од партијата.

Според СДСМ, преговори се водат за Влада која е подготвена да сработи, да се движи брзо напред по европскиот пат на економијата и на правдата.

-Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот. Заради подобра заштита н а здравјето на граѓаните, за поголема сигурност и економска предвидливост, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и шполн мандат на новата Влада која ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата. Граѓаните ни ја дадоа довербата на изборите. Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните, се вели во писменото соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега