СДСМ: Продолжуваат консултациите за коалициски договор помеѓу СДСМ и Коалицијата "Можеме" и ДУИ

Продолжуваат интензивните консултации и работата на ниво на генерални секретари викендот за коалициски договор помеѓу СДСМ и Коалицијата "Можеме" и ДУИ, велат од СДСМ.

Според партијата, по утврдувањето на коалициски принципи и определби, преговарачките екипи работат на хармонизација на изборните програми на двете партии во предлог програма за работа на евентуалната идна Влада.

-Истотака, денес започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат. За какви било дополнителни новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја известиме јавноста. Единствени точни информации се оние добиени од официјалните лица на партиите вклучени во преговорите, се вели во дописот од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2020 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега