СДСМ: проПродолжуваме со солидарност на дело - 283.000 граѓани деновиве добиваат финансиска помош од 6.000 денари

СДСМ во време на кризата со коронавирусот не отстапува од своите заложби за солидарност, хуманост и меѓусебна поддршка и грижата за секој еден граѓанин, за секоја една компанија, стои во соопштението на СДСМ.

„Институциите со одговорни навремени политики, преку четири пакети економски мерки им помогна на илјадници претпријатија да ги задржат своите бизниси, да ги задржат своите вработени.

Преку домашни платежни картички и ваучери за туризам, беа помогнати над 320.000 граѓани а веќе овие денови дополнителни 283.000 граѓани добиваат финансиска помош од 6.000 денари.

На здравствените работници кои со месеци се на првата линија на фронтот со невидливиот непријател, на 7.600 вработени во здравството кои работат со лица заболени од коронавирусот, ќе им биде исплатена награда во висина од 30.000 денари.

СДСМ во изминатите три и пол години со низа примери на дело ја покажа посветеноста за градење на фер, праведно и правично општество.

Владата предводена од СДСМ во два наврати ја зголеми минималната плата, од 9.000 на денешните 14.500, која сега е иста во сите индустриски гранки.

Исправена е неправдата кон стечајните работници, сега тие добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до пензионирање. Лицата над 65 години кои не оствариле право на пензија, денес добиваат социјална државна пензија од 6.000 денари месечно.

Преку социјалната реформа, за 300 отсто ја зголемивме социјалната помош и го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток.

Продолжуваме со грижата за граѓаните, за компаниите, за да биде уште подобро за сите.“ стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега