СДСМ: Растот на извозот од 10,8 отсто потврдува дека економските политики се на прав пат

Официјалните податоци во континуитет покажуваат дека економските политики на СДСМ се на правиот, вистинскиот пат и дека даваат реални резултати, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

 „Според податокот на Државниот завод за статистика, извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, бележи пораст за 10.8  % во однос на истиот период од претходната година.

 Тоа значи дека довербата во нашата економија е вратена, нашето стопанство е развојно и конкурентно на странските пазари.

 Со официјалното членство во НАТО кое е извесно и со приближувањето до ЕУ, дополнително ќе се интензивира растот на извозот, но и позитивно ќе се влијае на отворање нови работни места и зголемено производство.

 Како одговорна партија, СДСМ продолжува со спроведување на мерки и политики кои обезбедуваат раст и развој, поконкурентна економија, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега