СДСМ: Растот на платите покажува дека економијата е стабилна

„Владата предводена од СДСМ успева и во време на светска економска криза да ја одржи стабилноста и ликвидноста на домашната економија.
Навремените и ефикасни економски политики даваат резултат, последен показател за тоа се податоците од Државниот завод за статистика, кои покажуваат дека во првите шест месеци од годинава, извозот пораснал за 20,2 отсто во однос на истиот период од минатата година“. Вака од владејачката СДСМ ја коментираат моменталната економска состојба на државата, во време на светски кризи во повеќе области.

Покрај извозот растат и платите, велат од СДСМ.

„Просечната плата за месец мај изнесува 31.407 денари што е за 9,4 отсто повисока во однос на истиот месец од 2021 година.
Веќе од следниот месец следува раст на платите во образованието, детската заштита, во полицијата и одбраната.

Грижата за граѓаните и унапредување на нивниот економски стандард останува врвен приоритет за Владата и институциите предводени од СДСМ“, се додава во писменото соопштение испратено до медиумите.

 

07.08.2022 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега