СДСМ: Развојот и напредокот на општините мора да продолжи

„Развојот, напредокот и грижата за сите општините остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.
 
Во изминатите 4 години општините работеа транспарентно, напорно и вредно, со силна поддршка од централната власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
 
За само 4 години СДСМ реализираше над 7.000 проекти на локално ниво, дела коишто се основа од која тргнуваме одново да ја добиеме довербата од граѓаните, дела кои го менуваат животот на подобро во секое населено место“-се вели во писменото соопштение испратено утринава до медиумите.
 
Додаваат дека оваа динамика мора да продолжи, бидејќи од реализираните проекти, како што велат, зависи животот на народот.  
 
„СДСМ ги има најдобрите проекти, најдобрата понуда  што носи развој на општините и подобар живот за сите.
 
СДСМ четири години го дава најдоброто за државата, најдоброто за секоја општина и тоа ќе продолжиме да го правиме и во наредните четири години“-додаваат од партијата.
30.09.2021 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега