СДСМ: Ред, правда и дисциплина, неселективна борба против криминалот и корупцијата се главните приоритети на новата влада во следните четири години

Еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ во следниот четиригодишен мандат е воспоставување на ред, правда, дисциплина во државата, како и силна, неселктивна борба против криминалот и корупцијата на сите нивоа, велат од владејачката партија.

Според СДСМ, задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер.

-Ќе има проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер, како и санкции за  оние кај кои е утврдено нечесно работење. Следува процес на прочистување на судството. Оние судии за кои ќе се докаже дека свесно застарувале предмети ќе бидат разрешени, а следува и ревизија на 5 отсто од судски предмети одбрани по случаен избор. Предметите од Специјалното јавно обвинителство кои со години се заглавени, ќе добијат конечна разрешница. Поддршката и довербата добиена на предвремените парламентарни избори значи и целосна поддршка во борбата против корупцијата која е непријател и на граѓаните и на институциите, се вели во дописот од СДСМ.

Од партијата велат дека ред, дисциплина и правда се столбовите на кои се обврзале и тоа ќе го испорачат во следниот период.

-Во новиот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2020 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега