СДСМ: Родна Живковска била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот син е претседател на Совет на општина Кисела Вода

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски на денешната седница на Комисијата за прашањата за изборите и именувањата кажа дека предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за уставен судија, Родна Живковска не е личност која нема допирни точки со политиката, туку напротив, таа е донатор на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Професорката Родна Живковска е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. На 14 февруари 2020 година, таа уплатила 25.000 денари на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така многу е битно да се спомене дека нејзиниот син, Иван Живковски е претседател на Советот на општина Кисела Вода. Покрај тоа што е претседател на Советот, Иван Живковски склучил договор со ЈП лајка за адвокатски услуги што претставува судир на интереси“ истакна Костовски додавајќи дека за уставни судии треба да се изберат професионални кадри кои немаат никаква врска со политички партии. 

 

03.06.2022 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега