СДСМ: Само лажат против коридорите

 

 

Издишува хајката што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја водат против најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10 Д, велат од СДСМ преку соопштение.

„Со истиот посебен закон и со истиот договор конзорциумот Бехтел и Енка гради и во Србија, каде што веќе е пуштен во во употреба дел од автопатот на Моравскиот коридор.

Исто како што лажеше за Европскиот предлог, исто како што лажеше за енергетскиот сектор и справувањето со економската криза, така денес ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и за коридорите 8 и 10Д.

Лагите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не можат да ја запрат изградбата, ВМРО-ДПМНЕ не може ништо да промени, но може да донесе штета и со своите блокади да го продолжува рокот за завршување на изградба на коридорите, повторно штета на граѓаните и на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

02.05.2023 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега