СДСМ: Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се радуваат на историската грешка на ЕУ

Целиот западен демократски свет порача дека Северна Македонија сторила се, а одлагањето на датумот било историска грешка, само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останаа да се радуваат на историската грешка на ЕУ, се вели во соопштението на СДСМ.
„Се што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават е блокада на процесот на интеграција во ЕУ и НАТО.
Дури и Емануел Макрон вчера во интервју порача дека сите земји членки биле сложни да ги започнеме преговорите со ЕУ, а Мицкоски не може да побегне од кажаното и ја манипулира јавноста со лажни, бесмислени обвинувања.
Тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, анти ЕУ и анти НАТО дејствување, обнова на режим и враќање назад во изолација.
Граѓаните тоа нема да го дозволат и на 12 април уште еднаш ќе го поразат нивното деструктивно однесување и ќе потврдат дека државата е на прав пат“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега