СДСМ: Шефот на Мицкоски осуден за Плацови на Водно, потврден криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

Денеска македонската јавност ги слушна пресудите во случајот „Плацови на Водно“.
 
Уште еднаш е потврден криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е осуден на казна затвор од седум години.
 
Во судски процес, потврдени се криминалните шеми и злоупотреби на Никола Груевски, шефот на Христијан Мицкоски.
 
Перење пари, противправно богатење, криење имот па дури и злоупотреба на пари од членови на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Крималот за којшто има судска пресуда е правен и во 2015 година, период кога Христијан Мицкоски му бил советник на Никола Груевски.
 
По случаите „Тенк“ и „Насилство во Центар“ ова е трета пресуда со затворска казна за Груевски.
 
На тој истиот Груевски, Христијан Мицкоски му беше десна рака, советник во Владата а потоа и генерален секретар во партијата.  
 
Криминалот на ВМРО-ДПМНЕ е потврден со признанија на партиски функционери пред судовите, со ефективни судски пресуди, со Црната листа на Стејт Департментот и со бројни меѓународни извештаи.
 
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, не слушнавме ниту оградување, ниту извинување до граѓаните ниту пак некогаш Мицкоски повика на одговорност.
 

 

По сето ова, Мицкоски треба да си поднесе оставка.
21.04.2022 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега