СДСМ: Силјановска нуди само одбрана на криминалци

СДСМ денеска со соопштение до јавноста против политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска.

Сиљановска покажа незнаење и не понуди ништо освен одбрана на криминалци, граѓаните силно ќе го поразат концептот на Мицкоски за враќање назад

 Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е поддржана од осудени криминалци, како Игор Југ, правосилно осуден за терористичко загрозување на безбедноста и уставниот поредокот, како и Никола Груевски осуден криминалец во бегство.

 

 Тоа е причината зошто Сиљановска не го осуди насилството од 27 април, затоа молчеше и не го осуди криминалниот режим на Никола Груевски.

 

 Сиљановска покажа незнаење од клучните области за безбедноста и армијата, не понуди ништо пред граѓаните освен одбрана на криминалот на режимот.

 

 Граѓаните силно ќе го поразат концептот на Мицкоски за враќање назад, чиј застапник е Сиљановска и нема да дозволат на чело на државата да дојде некој зад кого стојат насилници и криминалци.

 

 На 21 април, во недела, масовно ќе го поддржат концептот предводен од Стево Пендаровски што води напред и обезбедува правда, сигурност и иднина за сите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега