СДСМ: Сите лаги на Мицкоски се демантирани

„Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски е комплетна фејк њуз партија и не случајно од ЕУ е посочена како главен извор на лажни вести и дезинформации.

Деновиве амбасадорите на Чешка и Словачка, со јасни изјави ги соголеа срамните лаги дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувала од овие две држави, како членки на ЕУ да се спротивстават на блокадата на Бугарија“, велат СДСМ.

„Мицкоски лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата, Антонио Милошоски лажеше дека покрај Бугарија и други земји членки биле против евроинтеграциите на Северна Македонија, Николовски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувало реакција од Чешка и Словачка.

ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на најголемата пандемија, со која се соочува целиот свет, ширеа лаги и невистини, со кои предизвикуваа страв и паника кај граѓаните.

Лажат дека ќе нема вакцини против коронавирусот, лажеа дека нема доволно тестови за коронавирусот, дека нема заштитна опрема за лекарите, дека следуваат ценовни шокови, дека 100.000 граѓани останале без работа…

После толку пати фатени во лага, после толку многу деманти, во ВМРО-ДПМНЕ никако да научат дека вистината секогаш излегува на виделина.

Тие упорно потврдуваат дека се што излегува од белиот дворец под стечај е невистина и измислица и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2020 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега