СДСМ-Скопје: На Скопје му недостига зеленило од ВМРО-ДПМНЕ, а Шилегов успешно го враќа

„Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска без срам зборува дека на Скопје му недостига зеленило, откако ВМРО-ДПМНЕ со години систематски го уништуваше зеленилото во Скопје и на Водно. Да, на Скопје му недостига зеленилото од Булевар Климент Охридски, кое Коце Трајановски и Никола Груевски го искасапија, а Шилегов вети дека ќе го вратиме. На Скопје му недостигаат парковите и зеленилото во Центар уништени со мегаломанскиот проект Скопје 2014, кое ние го надоместуваме со зелени кровови и зелени скверови“ - реагира градската организација на СДСМ.

Во реакцијата до медиумите, истакнато е: „На Скопје му недостига зеленилото на Водно, кое партијата на Арсовска ВМРО-ДПМНЕ систематски го уништуваше - со „Сончев Град“, патот до Сончев град, „Беверли Хилс“ на Водно и плацовите за „згради мади“ на Груевски и урбаната мафија. На Скопје му недостига зеленилото уништено со криминалната бетонизација на Скопје, спроведена со криминално донесување на урбанистички планови од страна на „Грујо ГУП“ и „Миле ДУП“. Залудно кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Арсовска зборува за нови паркови без да предочи ни „п“ од проект за барем еден парк. Скопјани се сведоци како на местата каде што имаше диви депонии и диви паркинзи никнаа десетици нови паркови и зелени скверови во Скопје. Скопјани се сведоци дека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов го унапреди зеленилото во Скопје како никогаш досега и ги возобнови двата најголеми паркови во Скопје – Градскиот Парк и паркот Сарај.

Скопје четири години успешно го враќа зеленилото кое ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Коце Трајановски систематски го уништуваа. Скопје станува зелен град“.

03.10.2021 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега