СДСМ: Следниот чекор на Мицкоски е оставка, тоа следува откако ги изгуби изборите и откако не направи Влада

Повеќе од еден месец по изборите, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се во дезориентација, без политички компас по доживеаниот пораз, велат од СДСМ.

Според партијата, Мицкоски денес се прави дека заборавил што ветил и без срам гази врз својот јавно искажан збор.

-Среде телевизиско соочување во кампањата,  самиот тврдеше дека е против техничка Влада по Пржински модел, а денес се противи на најавата за укинување на Пржинската влада. Наместо да бара алиби за неуспесите, Мицкоски барем еднаш нека покаже зрелост и нека го оствари ветувањето дека ќе поднесе оставка доколку ги изгуби изборите или доколку не направи Влада. Време е Мицкоски, исправи се, погледни си во очи и потсети се на твоето ветување пред изборите - политичарите се големи онолку колку што имаат јасно дефиниран став и онолку колку што стојат на сопствениот збор. Голем е твојот пораз Мицкоски, исполни си го твоето големо ветување – оставка, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега