СДСМ: Следува влада која ќе испорача економија и правда

Со победата на СДСМ на овие избори граѓаните го одбраа патот по кој државата оди уште од 2016 година. Тоа е патот напред, европски, патот на економијата и правдата. Народот кажа дека нема веќе назад, поразени се режимските политики на ВМРО-ДПМНЕ кои водат кон изолација, опасност и неизвесност, соопшти СДСМ.

„Решенијата на новите пратеници се издадени, следува формирање влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните. Нашата Влада ќе води успешни преговори со ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата. Одиме напред, враќање назад нема! Заедно со граѓаните ќе испорачаме уште повеќе и уште подобри резултати“, соопшти СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2020 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега