СДСМ: Со блокирање на новите мерки, ВМРО-ДПМНЕ директно го загрозува здравјето на граѓаните

Кога бројот на заразени континуирано расте, а болниците се полнат, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со денови го одлага и блокира донесувањето на мерките важни за справување со пандемијата, со што директно го загрозува здравјето на граѓаните, обвинуваат од СДСМ во сопштение до јавноста.

„Нивните обиди за деструкција и блокирање на законските измени и деградирање на Комисијата за заразни болести се смислен и тенденциозен обид на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за добивање на дневно политички поени, со што повторно докажуваат дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и нема време за одложување и чекање, потреба е брза реакција, конструктивност и соработка“, се вели во партиското соопштение.

Од СДСМ испратија и апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита, бидејќи велат тоа е наефикасен начин за борба со ковид-19.

„На сила се и новите мерки усвоени од  Владата предводена од СДСМ за зауздување на ширењето на коронавирусот, со кои работното време на угостителските објекти е ограничено до 23 часот, освен за испорака, преполовен е дозволениот бројот на патници во јавниот превоз, а државната и јавната администрација, општините и судовите да работат во смени, онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации. За ублажување на растот на бројот на инфицирани и намалување на притисокот врз здравствениот систем, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата усвои дополнителни мерки за заштита, кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на семејните собири, за кои Собранието треба да прифати измени во Законот за заштита на населението од заразни болести“, се вели во партиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега