СДСМ: Со месеци вработените во Лајка немаат земено плата поради неспособноста на Арсовска

 
Од владејачката СДСМ, во писмен допис испратен до медиумите, ги обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска дека со месеци вработените во Лајка немаат земено плата, како што велат токму поради неспособноста на градоначалничката и опозициската партија.
 
„Во изминатите месеци се повеќе на виделина излегува неодговорноста и лошото управување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со јавните претпријатија.
Додека градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска троши 670.000 евра на партиски вработувања, под знак прашање е доведено функционирањето на ЈП Лајка.
Вработените во Лајка со месеци немаат земено палата, нема набавки на храна и медицински материјал.
 
ЈП Лајка, кое е клучно за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња, заживеа во време на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, со нов концепт и систем на работа во нов, модерен стационар по сите светски стандарди“, се потенцира во писмениот допис на СДСМ испратен до медиумите.
 
Во реакцијата велат дека поради недомаќинско работење и лошо менаџирање од Арсовска, за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со Вардариште, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.
 

 

-Наместо парите од буџетот на градот, Арсовска да ги користи за партиски вработувањa, треба веднаш да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Лајка, да се набави храна и медицински материјал и да се обезбеди нормално функционирање на стационарот, се дополнува во реакцијата на СДСМ.
04.04.2022 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега