СДСМ: Со нас платите растат побрзо, за само три години просечната плата порасна за над 4.000 денари

Вистинските политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кои се во насока исклучиво во интерес на граѓаните и државата се потврдуваат во континуитет.Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесува 26.867 денари.  Тоа е за 4.059 денари повеќе во однос на јуни 2017 кога таа изнесувала 22.808 денари.

 

Ова денеска го соопшти СДСМ, додавајќи дека и во време на светска криза, трендот на раст на платите не престана, туку продолжи да расте, благодарение на, како што велат, ефикасните и навремени економски антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ.

-Споредено со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога оваа партија беше на власт во периодот од три години (јуни 2014-јуни 2017), просечната плата бележеше зголемување за само  1.575 денари, односно, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2014, изнесувала 21.233 денари. СДСМ покажа како вистински и домаќински се работи во интерес на граѓаните, на економијата и така ќе продолжи и во следниот четиригодишен мандат. Платите ќе растат уште повеќе за уште подобар животен стандард на сите. Во следниот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и подобро за граѓаните, за државата, велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега