СДСМ: Соочени со пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби

Хаос се случува само во Белата палата, кај Христијан Мицкоски и неговата десна рака Александар Николоски пред сигурниот пораз на претстојните локални избори, па затоа секојдневно се обидуваат да бараат алиби, реагираат од владејачката СДСМ по денешната изјава на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Според партијата, Николовски и Мицкоски шират паника кај граѓаните наместо да повикаат на масовна вакцинација.

-Николоски и Мицкоски можеби посакуваат одложување на локалните избори, оти само така ќе се спасат од уште еден, седми во низата порази што ги нанижа ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години. Лажна е грижата на опозицијата за јавното здравје, кога тие предничат во прекршување на мерките и поддржуваат протести на кои се загрозува јавното здравје и се навредуваат здравствените работници. Наместо да повикаат на масовна вакцинација, со која ќе се надмине пандемијата, тие шират страв и паника кај граѓаните. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ, освен неодговорно однесување, деструктивни политики, лажни вести и блокади нема што друго да понуди, затоа ги очекува пораз на изборите низ целата држава, се вели во реакцијата.

24.08.2021 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега