СДСМ: Стоилковски лаже – суши за работата на ЈП „Водовод и канализација“

„ВМРО-ДПМНЕ не може да престане да шири лажни вести и невистини во обид да спечали некој политички поен“, реагираат од владејачката СДСМ преку писмено соопштение до медиумите во врска со прес-конференицијата на Наум Стоилковски.
 
„Денеска, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изнесе низа лаги и невистини за работата на Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“.
Вистината е дека ниту еднаш за изминатите четири години директорот не користел средства за ресторантски услуги и кафе, за службен телефон и набавка на скапи мобилни телефони“, се вели во соопштението.
 
„За работата на ЈП „Водовод и канализација“ постоја и ревизорски извештаи од страна на надворешни независни ревизорски куќи каде не се констатирани никакви неправилности во финансиското работење.
Очигледно е дека денешните изнесени лаги на Стоилковски се дел на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие“, се додава во соопштението.
10.12.2021 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега