СДСМ: Тест и извршена услуга не е исто, тестовите за граѓаните се бесплатени

ВМРО-ДПМНЕ не престанува со обидите да политички да профитира, во време кога државата и светото со соочуваат со најсериозната здравствена криза во 21 век, се вели во реакцијата на СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во белиот дворец треба да знаат дека тест и услуга не е исто и цената не може да биде иста.
Како што информираа и од Министерството за здравство, цената на набавката на тестовите изнесувала 1.200 денари по тест, спроведена во регуларна јавна набавка по нормална пазарна цена.
Сумата од 4950 денари, за која ВМРО-ДПМНЕ неосновано тврди дека е профитерска, е цена по која Фондот за Здравство од Институтот, односно Центарот за јавно здравје ја купува услугата земање брис, во која цена се вградени и платите на луѓето и сите други трошоци на институтот.
За пресметка на оваа цена има јасна методологија по таканаречени Дијагностички сродни групи – ДСГ (DRG method) која се пресметува вредноста на услугата во фондот и таа е утврдена уште во 2013 година, односно од страна на ВМРО-ДПМНЕ партијата која тогаш раководеше со институциите.
Очајнички и крајно неодговорни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да собираат ситни дневнополитички поени кога државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓани максимално се посветени на борба против ширењето на заразата со коронавирусот.
Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ партиските интереси се далеку поважни отколку јавното здравје и борбата со заканата од коронавирусот.

 

За среќа, граѓаните ги препознаваат нивните лаги и одамна не им веруваат на лажните вести од белиот дворец“, стои во соопштението.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега