СДСМ тврди: Ова не е училница – ние ги почитуваме законите

Христијан Мицкоски не знае што е училиште а што Урбана заедница. Заглавен во белата палата како слуга на Груевски тој воопшто не си ја познава сопствената земја – велат од СДСМ во писмено соопштение.

„Чиста лага и незнање е тврдењето на Мицкоски. Не станува збор за училиште туку за простории на Урбана заедница, поточно Урбана заедница Тризла 1 во Прилеп.

Ниту едно од сите 237 избирачки места за директните внатрепартиски избори во СДСМ не беше во училиште и сите се со регуларни договори по сите прописи.

Првите директни внатрепартиски избори во СДСМ се пример не само за највисок степен на демократија туку и за одлична организација и по сите стандарди за заштита на здравјето.“ – велат од СДСМ.

Вчера на социјалните мрежи се ширеа критики за СДСМ за начинот на кој среде пандемија без обезбедена ниту една вакцина решија да организираат избори на кои практично и ништо не се избираше бидејќи имаше само еден кандидат.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега