СДСМ: Учествуваме во САД во програмата за политички лидери организирана од американската амбасада во Скопје

Претседателот на социјалдемократската младина на Македонија, Марко Михаилоски и портпарката на СДСМ, Богданка Кузеска, учествуваат во програмата за размена на политички лидери подржана од Амбасадата на САД во Македонија и имплементирана од Американскиот Совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders).

Програмата значително ги продлабочува добрите односи на Северна Македонија со САД.

Во фокусот на програмата е улогата на жените во политиката, доброто владеење, унапредување на правосудниот систем и работата на политичките партии.

Програмата нуди одлична можност за размена на искуства помеѓу двете земји.

 

Центар за комуникации со јавноста СДСМ 

 

20.05.2022 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега