СДСМ: Уште еден пораз за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, граѓаните на Штип избраа напредок и развој

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно се поразени, граѓаните на Штип на предвремените фер, слободни, демократски и пред се здравствено безбедни избори за градоначалник, му ја дадоа довербата на кандидатот на СДСМ Сашко Николов, се изјаснија за напредок и развој, за грижа и поддршка за сите, велат преку соопштение од СДСМ.

„И покрај сите опструкции на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, кои немаа храброст да дадат противкандидат, да се соочат со граѓаните на избори, покажавме дека остануваме на европскиот пат.

Граѓаните на Штип испратија порака и до бојкотирачот Мицкоски, граѓаните го казнија неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, избраа грижа, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.

Без притисоци, уцени или закани како во некое режимско време, граѓаните застанаа зад чесната понуда и програма, избраа Штип да продолжи напред по правиот пат.

Поразени се деструктивните политики на докажаниот губитник Мицкоски.

Граѓаните избраа демократија, развој, напредок, Мицкоски останува сам на браникот на криминалот.“ стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2020 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега