СДСМ: Уште во првите денови градоначалниците на Мицкоски го покажаа режимското лице

„Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице.
Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини.
Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел“ - вака реагираат од владејачката СДСМ со писмен став до медиумите.
 
„Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром. Значи едно зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ а сосема друго прават. Останува фактот дека за разлика од пред четири години кога општините беа заглавени во долгови,  денес општините се во одлична финансиска состојба. Ако на градоначалниците на ВМРО- ДПМНЕ им се потребни јавни насоки за да работат, јасно е дека за нив поважен е Мицкоски од интересот на граѓаните“- се вели во соопштението.
07.11.2021 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега