СДСМ: Веќе никој во Скопје не зборува за загадување, само за раззеленување

ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното режимско владеење Скопје од град со зеленило, дрвја и паркови го претворија во најзагаден град на светот, реагираат од СДСМ поради обвинувањето од опозициската партија за исечените дрвја на улицата Орце Николов.

„Сечеа дрва за да стават бекатон и бетон, а денеска никој веќе не зборува за загадување, туку за раззеленување, а болните, стари дрва се заменуваат со нови. Денеска наместо кинески двокатни дизел автобуси има нови екоавтобуси, а 6.500 грејни тела, со субвенции се заменети со инвертери“, се наведува во соопштението на партијата од чии редови е и скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

Од таму нагласуваат и дека во изминатите години во Скопје се подигнати и обновени зелени површини на над 117.000 квадратни метри.

„Изградени се два нови зелени кровови на ГТЦ и Домот на градежници, третиот на Мавровка се прави, дивите паркиралишта се претвораат во паркови, се подигаат зелени скверови“, порачуваат од СДСМ и велат дека на ВМРО-ДПМНЕ им е само тешко да ја прифатат реалноста дека Скопје се менува, развива и прераснува во модерна метропола.

14.06.2021 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега