СДСМ: Ветото на Бугарија е стратешка грешка на штета на европските вредности

Неодобрувањето на преговарачката рамка за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија е на штета на осовните принципи и вредности на кои почива Европската Унија, велат од владејачката СДСМ во соопштение до јавноста испратено утрово.

-Со таквиот потег, Бугарија застана на патот на нашата европска интеграција за која претходно, во повеќе наврати, институциите на ЕУ и сите останати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите. Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор и темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија. Македонскиот национален идентитет не беше, не е и во ниту еден случај нема да биде предмет на преговори и разговори, се вели во соопштението.

Според СДСМ, македонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на нашиот македонскиот идентитет.

-Ветото од Бугарија нема да не обесхрабри, нема да дозволиме застој на внатрешните реформи што се за доброто на нашите граѓани и нашата држава. Напротив, Владата, државните инстуции, ќе го засилат темпото и ќе ја зголемат предноста во реформи што  Северна Македонија ја има во однос на државите од регионот. Владата предводена од СДСМ останува на истиот стратешки колосек. Испорачавме полноправно членство во НАТО и ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ.
Европските стандарди ги носиме дома. За нас, како и за огромното мнозинство граѓани нема нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ. Нашата, македонска иднина е европска, се вели во дописот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2020 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега