СДСМ: ВМРО-ДМПНЕ да ги продаде теписоните и лустерите од Белиот дворец и да ги врати парите кај граѓаните

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ без трошка срам најавуваат засилени блокади во време на најголема светска, економска криза, кога има постојан раст на цените на енергенсите, на цените на храната и во услови кога политичарите од цела Европа се обединуваат околу наоѓање начини за заштита на животниот стандард и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима“, ова го потенцираат во соопштение испратено до медиумите од владејачката СДСМ.

„Преку судските процеси јавноста виде како ВМРО-ДПМНЕ трошела стотици илјадници евра на скап мебел и опрема за опремување на Белиот дворец.

Ако сака ВМРО-ДПМНЕ да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да повикува на некаква радикализација и блокади нека да ги продаде теписите од 20.000 евра, луксузните лустери и маси во Белиот дворец и парите нека ги пренасочи кон граѓаните.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се противат на тоа парите да завршуваат кај граѓаните и водат грижа само за личните и партиските интереси, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Обидите за блокади на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат“, се наведува во нивното соопштение.

 

07.05.2022 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега