СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е докажан непочитувач на државното знаме

ВМРО-ДПМНЕ е докажан непочитувач на државното знаме, тие не прават разлика меѓу стилизирано сонце со 12 краци и сонцето од знамето со осум краци, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека логото за 30-годишнината од независноста е сквернавење на знамето.

„Државното знаме е светост и тоа не треба да се сведува на дневни политичко-партиски преписки, ниту да се користи во логоа за прослави. ВМРО-ДПМНЕ требало до сега да научи дека на државното знаме има сонце со 8, а не со 12 краци. На логото за годинешниот јубилеј за кој ВМРО-ДПМНЕ денеска глуми наводна загриженост не е ставено знамето туку на него има стилизирано сонце, со видлива разлика и во типот и во бројот на краци“, велат од СДСМ.

Од партијата појаснуваат дека логото за јубилејот „30 години независност” е составено од повеќе елементи.

„На традиционалната црвена основа обединети се симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста. Сонцето, уставното име, меѓународниот код МК код бројот 30 раскажуваат за нашата државност. ВМРО-ДПМНЕ како антинародна партија е и докажан непочитувач на државното знаме. Доволно е да се види секој нивен протест и заклучокот е евидентен – кај нив не се знае ниту кое знаме го веат, ниту каков став имаат за националните интереси“, велат од СДСМ.

15.07.2021 - 15:09
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега