СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, Мицкоски да не го навредува народот

Судот денеска низ законска постапка, базирана на докази и сведоштва донесе пресуда и кажа кои се криминалците.
ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија која незаконски се стекнала со имот вреден милиони евра и тоа во период кога државата и граѓаните тонеа во сиромаштија. Вака реагираат од владејачката СДСМ во соопштение испратено пред малку до медиумите.
 
„Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна и од епски размери.
 
И по последната пресуда исто како и по претходните против функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наместо да се извини и да ги осуди незаконските постапки, тој денеска повторно цврсто застана во одбрана на криминалот.
 
ВМРО-ДПМНЕ е потврдена криминална партија и затоа Мицкоски не треба да го навредува народот, целиот народ да ги прави криминален само за да го одбрани криминалот во својата партија.
Мицкоски е претседател на партија за која што е докажано дека криминално го стекнала своето  седиште.
Од денеска ниту тој ниту раководството на оваа партија немаат образ да зборуваат за ништо, а најмалку за правда и владеење на правото“, стои во соопштението на владејачката СДСМ. 
08.06.2022 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега