СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија заштитник на криминалот

ВМРО-ДПМНЕ е партија симбол на криминал и корупција, партија која се обидуваше да сокрива убиства, да нарачува апсења, да злоупотребува институции за пресметки со неистомисленици и да сокрива и брани криминалци од сопствените редови, велат од СДСМ.

Од владејачката партија наглесуваат дека граѓаните ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како партија заштитник на криминалот и токму затоа во вода им паѓаат сите обиди да ја манипулираат јавноста преку измислувања на случаи и извитоперување на извештаи.

„За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес сите институции работат посветено во борбата против криминалот, а потврда за тоа се истражувањата на јавното мнение според кои две третини од граѓаните имаа доверба во полицијата и се чувствуваат безбедно.

Борбата со криминалот, вклучително и во рамки на граничните премини, е врвен приоритет

Денес, официјалните податоци покажуват дека стапката на криминал опаѓа, а се зголемува откривачката функција на полицијата, особено во делот на сузбивање на организиран и сериозен криминал и тоа по сите параметри.

Последен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот е тоа што се уште по секоја цена бранат криминалци како нивниот почесен претседател во бегство Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека нема план, нема идеја ниту каква било мерка во интерес на граѓаните и дека целокупното десјтвување го темели на деструкција, лаги и измислици“ велат во своето соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2019 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега