СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект, намерно лаже за Договорот со Бехтел
„Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е против реализација на стратешки проекти во државата.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ намерно шири невистини за изградбата на коридорите 8 и 10Д, најголемиот проект вреден 1.3 милијарди евра.
Од овие средства, над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните градежни компании.
Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека државата ќе плаќа пенали ако во Собранието не биде донесен пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите се целосно неточни“, порачуваат во утринско соопштение до медиумите од СДСМ.
„Како кај секој друг договор каде Инвеститорот и Изведувачот имаат свои права и обврски, Изведувачот може да работи во услови каде важат постоечките законски одредби, но сепак во тој случај рокот за изведба би бил подолг.
Лажно е и тврдењето дека со промената на законските решенија се нарушуват работничките права.
Станува збор за предложени измени во Законот за работни односи кои се однесуваат само на проекти од стратешки и национален интерес, односно се работи за решение со кое градежните работници кои работат на ваков тип на проекти ќе добиваат надоместок од 50% повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа за останатите прекувремени часови согласно Законот за работни односи.
И она што е најважно, сето тоа ќе се случува единствено со претходна обезбедена писмена согласност од самиот работник.
ВМРО-ДПМНЕ во времето на своето владеење, системски ги кршеше работничките права, а македонските граѓани ги сметаше и ги претставуваше како евтина работна сила.
Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10 д се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи децениски стратешки проект во интерес на граѓаните и државата“, се додава во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа